wordpress counter

Како да уживате во храната без страв од дебелеење? (1 дел)

Дали поја­ду­вате на нозе, додека се обле­ку­вате или под­го­тву­вате за на работа? Ручате ли на улица или во авто­мо­бил додека одите од еден на друг соста­нок? Прет­по­ста­ву­ваме дека ова им се слу­чува на многу од вас. Затоа, ви пре­дла­гаме неко­лку пра­вила кои ќе напра­ват да ужи­вате во хра­ната без да се здебелите.

Речете ѝ не на водата за време на обро­кот
Водата ќе пре­ди­звика ширење и наду­ву­вање на желуд­ни­кот и поради тоа варе­њето ќе биде лошо. Покрај тоа, може да пре­ди­звика и кисе­лини. Ако баш мора да пиете, тоа нека биде во многу мали голтки.

Кога јадете, не пра­вете ништо друго
Забо­ра­вете на читање, гле­дање теле­ви­зија или работни задачи додека јадете. Скон­цен­три­рајте се на обро­кот и посве­тете му барем 20 минути. На мозо­кот му треба време за да реги­стрира дека желуд­ни­кот е полн. Ако не го попре­чу­ваме мозо­кот со допо­лни­те­лни работи, тој побргу ќе реги­стрира дека сте сити.

Пра­ви­лно џва­кање на хра­ната
Секој залак џва­кајте го 30-тина пати. Тоа не значи дека треба да бро­ите, туку дека зала­кот треба да го пре­тво­рите во каша. На тој начин најле­сно ќе се свари хра­ната и ќе ги иско­ри­стите сите хра­нливи вред­но­сти.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

Spam Protection by WP-SpamFree

MILK

©2009-2013. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Статии