wordpress counter

Како да засакате кељ?

Кељот станува популарна состојка во гастрономските кругови и помеѓу нутриционистите. Но, неговиот специфичен вкус и варењето по консумацијата им прави проблем на возрасните, а многу деца не сакаат ниту да го погледнат.

Тоа е вистинска штета, со оглед на тоа што е еден од најздравите продукти. Една рака кељ има само 36 калории. Содржи 15% калциум, 40% магнезиум, 180% витамин А, 200% витамин Ц и неверојатни 1000% витамин К од дневната препорачана количина. Тој е преполн и со минерали како бакар, калиум, железо, манган и фосфор.

Затоа ви нудиме три начини како да уживате во овој зеленчук:

Чипс од кељ – не е вистински оброк, но е добар начин како да го навикнете непцето на овој вкус. Можете да му додадете сè што е по ваша волја.

Смути или супа – додадете кељ во вашето смути или супа. Измијте неколку листови и ставете ги во блендер заедно со другите состојки. Втора можност е да го насечакте и да го додадете во вашата омилена супа.

Пржен кељ – измијте цела главица кељ и исечкајте ја на парчиња со големина од 5 сантиметри. Во сад загрејте маслиново масло и пропржете го кељот неколку минути. На почеток може да ви се гледа дека количината е голема, но со тек на време, од топлината, ќе се намали неговиот волумен. Ставете сол и бибер и сервирајте.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Сладок ролат

Маја Доле­ска Прилеп Нашата читателка Маја полека станува и една од нашите читателки кои најчесто ги споделуваат нивните рецепти со...

Close