wordpress counter

Како да засладите јадење без шеќер? (1 дел)

Белиот шеќер во преголема количина е многу штетен за нашето здравје. Затоа е мошне важно да се намали неговата консумација. Со тоа, не само што ќе имате помала потреба за него, туку ќе започнете да чувствувате слатко и во храна во која нема шеќер.

Ние, во овие две статии сакаме да ви понудиме здрави варијанти на шеќерот. Со помош на нив, ќе го „излажете“ делот од јазикот одговорен за слатко и ќе поработите на вашето здравје.

Ванила во прав
Ванилиниот шеќер е вкусен начин на засладување на јадењата. Со вкус на сладолед и со изглед на прашина ги прави слатки нашите моменти. Не е ефтин, но и не ви е потребно многу.

Цимет
Во оброците со житарки, циметот е одличен засладувач. А, кафето ќе добие посебен вкус со овој зачин. Ако еднаш пробате, тешко дека ќе се откажете од овој засладувач.

Кокос трошки или плод
Не постои ништо послатко од плод на кокос. Доколку немате при рака и трошките од кокос ќе завршат многу „слатка“ работа.

Млеко од бадеми
Бадемите содражат минимално количество шеќер, а млекото направено од овој јаткаст плод е одличен засладувач. Најдобро е сами да го приготвите.

Пржен кормид
Ова се однесува на сите солени јадења. Ако базата е домат, тогаш неговата киселост ќе се „смири“ само со помош на карамелизиран пропржен кромид. Веруваме дека веќе знаевте за ова… но, за секој случај, го ставивме на списокот.

Related Posts with Thumbnails