wordpress counter

Како да засладите јадење без шеќер (2 дел)

Во првиот дел наведовме 5 начини како да го засладите јадењето без да употребите бел шеќер. И во вториот дел ви предлагаме неколку интересни начини за да добиете слатко јадење.

Сос од јаболка
Одлична замена за шеќер, особено ако станува збор за мафини или други колачиња. Ако сакате да го подготвите сосот од јаболка дома, тогаш исечете ги јаболката, додадете малку вода, сварете и убаво измешајте.

Авокадо
Можете да го додадете во пудизни, смудис или салати. Ако правите салата, измешајте малку пире од авокадо, маслиново масло и оцет.

Дробени шумски плодови
Издробете шумски плодови и заборавете на џемовите. Додадете ги на тост или во јогурт и избегнете ги фабричките засладени јогурти.

Печен зеленчук
Ако јадете печен зеленчук, на крајот од оброкот ќе имате многу помалку потреба за слатко. Зеленчуци со сладок вкус се: слатки компири, тиква, цвекло и моркови.

Related Posts with Thumbnails