wordpress counter

Како се јаде чоколадо?

Секако дека не постојат строги правила како се јаде чоколадо. Но како и кај сè друго, секогаш има подобар начин. А, кој би го знаел тој подобар начин, ако не некој швајцарски производител на чоколадо.

Собата за дегустации на производителот на луксузни чоколади „La Maison Cailler“, постојано прима туристи кои може да вкусат неверојатни чоколади. Во собата има и спасител (Надеж Пилер), кој ќе ви помогне ако почнете да се давите во чоколадо. Токму таа ја знае најголемата грешка која ја прават луѓето кога јадат чоколадо – речиси никогаш не го гледаат и не го мирисаат, туку веднаш го ставаат во уста.

Но, Мишел Бо, кој работи за Филип Паске, е тој кој ги знае речиси сите тајни на чоколадото. Него го нарекуваат уште и чоколадниот мудрец. Еве што советува тој:

Првин, чоколадото се крши. Потоа, се мирисаат аромите кои може да се почувствуваат – какао, ванила, чад, слад…

Првиот залак треба да биде многу мал. Доволно само да го загрее јазикот за понатамошното уживање.

Вториот залак е оној што веќе се брои. Лижете го чоколадото, почувствувајте како се топи. Утврдете ја текстурата (меко или рапаво). Слатко или суво?

Не брзајте со следниот залак. Уживајте во вкусот по голтнувањето на првата коцка. Ќе се појават нови детали.

Без оглед какво чоколадо консумирате, секогаш започнете од послаби кон појаки вкусови.

Никогаш не јадете повеќе од 4-5 различни видови чоколади. Со повеќе чоколадо, само ќе ја намалите можноста на јазикот да чувствува.

Исчистете ги јазикот и непцата со вода пред секој нов вид на чоколадо кој го вкусувате.

Related Posts with Thumbnails