wordpress counter

Како се лажат туристите (1 дел)

Во овој текст ви пренесуваме сведоштво на угостителски работник на хрватското приморје и тренингот и обуката што ги добивал од својот претпоставен. Од сѐ може да заклучиме дека ништо не е онака како што изгледа.

Клешти
Со развојот на туризмот, започнал и напливот на странски туристи. Наместо флаширана вода, на гостите им се давала вода од чешма, ставена во оригинално шише. Келнерот секогаш при рака морал да има клешти, со цел добро да го затвори капачето за да не се сомневаат гостите.

Штедење
Ги научил тајните на правење на лимонада од половина лимон или три капучина со 100 мл млеко. Откако добро си ја вршел работата, добил унапредување – работа со храна.

Виенска шницла од свинско
Виенската шницла била телешка само ако мора. Во другите случаи била направена од свинско месо. Но, за таа операција да биде успешна, морало да се поседуваат две вештини – внимателно скенирање на гостите и координација со готвачот, кој ќе направи таква декорација што гостинот ќе заборави дека нарачал телешка шницла.

Related Posts with Thumbnails