wordpress counter

Како се лажат туристите (2 дел)

Во првиот дел ви претставивме првата фаза од процесот наречен „лажење на туристи“. Во овој дел ви покажуваме како се напредува од келнер до сопственик на ресторан.

Риба и морски специјалитети
Потоа следи совладување на техники на продажба на риба и морски специјалитети. Главно е смрзнатите производи да се продаваат како свежи. По совладување на ова, сопственикот го промовира во келнер за клучни гости.

Клучни гости
Тоа се претставници на државни фирми и управа. Тука се учи главната лекција – најдобри гости се оние кои не плаќаат со свои пари. Со нив нема зезање – им се дава најдобрата храна и пијалаци и им се одобрува колкав сакаат попуст. Тоа, потоа, се компензира на следниов начин – тие не бројат дали изеле 4 или 6 јастога, дали изеле риба од 2 или 4 килограми. На ова додадете ја шемата и со алкохолот.

Каса
Откако и ова е совладано, сопственикот има толкава доверба, што ви дава да раководите и со неговата каса. Тогаш сфаќате зошто тој бара од вас толку да штедите и да ги собирате сметките кои гостите ги оставиле.  Овој модул опфаќа изучување на штимање на сметки, двојни книговодства, комуникација со инспекции, влез и излез, залихи.

Сам свој газда
Последниот стадиум е отворање на свој сопствен бизнис. Откако сте ги научиле сите трикови и финти, сега сте подготвени да започнете сами. Имате ресторан, седите во градина, го гледате вашиот келнер како го послужува најефтиниот телешки бифтек на планетата и читате текст за некој кој продава пица за 10 -15 евра. И започнувате да се смеете. Знаете дека тој ќе игра само едно лето.

Related Posts with Thumbnails