wordpress counter

Како со храна да го подобрите расположението?

Психологот Дру Ремзи работел во екипа со повеќе нутриционисти со цел да го увиди влијанието на храната врз расположението. Притоа, по анализа на податоците, дошол до навистина интересни заклучоци.

Најважно е да се прескокне готовата храна, затоа што е полна со празни калории и не дава доволно енергија. Тоа се одразува и на расположението. Значи, ако сакате добро расположение, чинијата наполнете ја со леќа, интегрални житарки, домати, јаткасти и морски плодови.

Покрај тоа, потрудете се да консумирате повеќе органски одгледана храна. Важно е да се внимава и на мастите, но и да се знае дека сите масти не се лоши. Треба да се избегнуваат трансмастите, додека оние во рибата, путерот, јогуртот и полномасното млеко се полни со омега-3, кои се добри за мозокот и расположението.

За крај, не заборавајте ниту на месото. Тоа е добра храна и за мозокот, а има и омега-3 масни киселини.

Related Posts with Thumbnails