wordpress counter

Know-how во француски ресторан (1 дел)

Во оваа статија ќе ги наведеме основните француски фрази во врска со храната, кои може да се сретнат во менито на секое второ бистро или ресторан. Списокот е долг, но битен, ако не сакате да гледате зачудено или ако не сакате да порачате нешто само поради фактот што не разбирате што пишува.

A la carte: комплетно мени од кое може да порачате одделни оброци или оброци кои се подготвуваат по нарачка;
A la: „со определен стил, на определен начин“ – на пример „a la russe“, што би значело јадење подготвено на руски начин;
Amandine: готвено или покриено со бадеми;
Cassoulet: мешано месо со месо од патка или гуска, зелен грав и француски сос. Сервирано со потпечен леб на коцки;
Crème fraiche: сос кој дава лесно-остар вкус и арома;
Croquettes: мали, цилиндрични, похувани и неверојатно вкусни пирошки. Традиционалниот француски фил се состои од густ сос од риба и други видови месо, како и зеленчук;
En croute: храна завиткана во тесто или пециво;
En papillote: храна обвитакана, готвена и послужена во хартија или фолија;
Fines herbes: микс од свеж магданос, естрагон и млад лук;
Foie gras: џигер од специјално товена патка или гуска.

    Related Posts with Thumbnails