wordpress counter

Know-how во француски ресторан (2 дел)

Со дел од поимите кои ги има во менијата на рестораните, дури и во најзафрлените места на планетата, се запознавме пред некој ден. Останатите поими на најпозната кујна на светот ќе ги разгледаме денес.

Moules: школки;
Mariniere: 1. школки, готвени во бело вино и тревки кои се служат во лушпа. 2. риба, готвена со бело вино и школки како гарнир;
Petits fours: минијатурни колачиња, бисквити или други слатки, кои обично се служат на крајот од оброкот. Тука може да спаѓаат и сунѓерести колачиња, грозје и цреши обвиткани во шеќер или мали колачиња од марципан, кои имаат форма на некое овошје;
Veloute: основен бел сос направен од пилешко, говедско месо или риба. Може да биде и супа со кремаста текстура;
Vol-au-vent: лесна варијанта на пуфкасти колачиња.

    Related Posts with Thumbnails