wordpress counter

Која храна нè заситува, а која нè прави гладни?

Ако сакате да имате витко тело, тогаш треба да консумирате храна која подолго ќе ве држи сити. Затоа, запомнете го спасоносното трио: протеини, здрави масти и влакна. Во продолжение ги наведуваме оние продукти кои ќе ве направат сити, и оние од кои брзо се чувствува глад.

Продукти кои ќе направат да се чувствувате сити:

Јајце
Има 70 калории и 6 грама протеини. Истражувањата покажуваат дека жените кои појадуваат јајца се многу послаби отколку жените кои не јадат јајца.

Супа
Храната која содржи многу вода обезбедува и поголема ситост. Пред главното јадење, секогаш е добро да се изеде супа или чорба. На тој начин нема да се прејадете поради вкусното главно јадење.

Авокадо
Фактот дека содржи здрави монозаситени масти ќе ви помогне да се чувствувате сити подолго време.

Јогурт
Во 200 мл јогурт има дури 18 грама протеини што е повеќе и од мисиркино филе.

Овесни снегулки
Богат извор на влакна (4 гр по шолја) што овозможува ситост. Подобрете го вкусот додавајќи боровинки или друго овошје.

Грав и леќа
Богати се со протеини (7 гр по шолја) и сложени јаглехидрати кои се разградуваат подолго време.

Јаткасти плодови
Содржат совршена комбинација од влакна, протеини и здрави масти. Не претерувајте со количината. Доволно е една шака на ден.

Храна од која брзо ќе огладнете:

Кекс, крекери и кроасани
Полни се со шеќери кои поттикнуваат глад.

Алкохол
Алкохолот најчесто го поттикнува апетитот и тогаш најчесто јадеме повеќе од што е потребно.

Житарки
Многу житарки се преполни со шеќери и тоа не е добро за линијата.

Диетална храна
Одредени диетални оброци содржат многу малку калории и не можат да го смират гладот. Затоа, најчесто, не може да бидете сити со таков оброк.

Related Posts with Thumbnails