wordpress counter

Која храна за на пат?

Патувањето кон омилената туристичка дестинација може да биде долго и напорно, особено ако имате и деца со вас. Затоа, ви предлагаме неколку совети за тоа каква храна да понесете со себе за време на патувањето.

• Пред заминување, консумирајте едноставен и лесно сварлив оброк. Избегнувајте тешка, масна и храна која подувува;
• Голема количина на течна храна може да предизвика мачнини, особено кај децата;
• Ако на пат тргнувате рано наутро, оптимален оброк е житарки со ферментиран млечен производ;
• Не заборавајте да понесете овошје: банани, грозје, јаболка и суво овошје;
• Водата треба да се пие почесто, но во помала количина и голтки;
• Избегнувајте зашеќерени и газирани сокови;
• Времето можете да го пополните и со јадење крекери и семки;
• За подолги патувања подготвите сендвичи со тврдо сирење, зеленчук и сувомеснати производи;
• За возачите е важно да консумираат пијалак на база на гуарана, која ја спречува главоболката, ја зголемува концентрацијата и ја забрзува циркулацијата;
• Умерено уживајте во кафето.

Related Posts with Thumbnails