wordpress counter

Колбаси од сите страни на светот (1 дел)

Производите од месо, особено колбасите, се едно од најпопуларните јадења во светски рамки. Во овој текст ќе се обидеме да наброиме некои од овие вкусни деликатеси.

ЕНДОУИЛ
Овој вид на колбаси е особено популарен во Нормандија. Се подготвуваат димени и се јадат студени.

ЛУКАНИКА
Грчки специјалитет кој се прави од свинско или јагнешко месо, надополнети со вино и кора од портокал.

ДЕБРЕЦИН
Колбасите и месото се заштитен знак на Унгарците. Од таму ни доаѓа и овој вкусен колбас кој се продава исклучиво во пар. Се состои од пиперка, лук, мајоран, бибер и месо.

ГЛАМОРГАН
Еден од најчудните колбаси. Без месо и без кожа, се прави од сирење и праз, кои се држат заедно со белка од јајце и се обвиткани со коцкички леб.

МЕРКЕЗ
Се претпоставува дека се измислени во Алжир или Тунис. Содржат говедско месо и хариса (лут чили сос), кој го прави овoј производ од месо пикантно лут и истовремено му дава црвена боја.

Related Posts with Thumbnails