wordpress counter

Комбинација: Вино и колачиња

Празниците секогаш се исполнети со добра храна и пијалаци. Трпезата не може да се замисли без салати, месо, зеленчук, слатки… Секако и без колачиња и вино. Токму тоа е и тема на оваа статија – комбинирањето на колачиња со вино.

Рум топчиња
Доколку сакате колачиња со алкохол, тогаш треба да одберете вино кои ќе одговори со исто ниво на алкохол. Ризлингот е вистински избор за алкохолните колачиња.

Ситни колачиња
Овие колачиња дозволуваат да одберете и бело и црвено вино. Ризлинг или Шираз ќе направат симфонија во вашата уста.

Колачиња со џем
Без оглед дали се направени од џем од малини, капини, јагоди, цреши, боровинки, Зинфандел оди одлично со сите нив.

Афтер8 колачи
Каберне Совињон е одличен избор ако сакаме комбинација со чоколадо-пеперминт колачиња. Ако сте љубител на бели вина, тогаш Совињон Блан ќе ви овозможи да ги почувствувате сите вкусови на колачето.

Чоколадни колачи
Доколку сакате да го почувствувате целиот вкус на чоколадото, Порто мора да биде изборот. Едно колаче и една голтка Порто ќе ве однесат во кралството на вкусовите.

Колачи со ѓумбир
Колачињата од ѓумбир и Пино Ноар се рајска комбинација. Комбинација како измислена за мирните празнични часови.

Related Posts with Thumbnails