wordpress counter

Комбинирање на вино и храна

Комбинирањето на вино и храна може да биде тешка задача, полна со трикови. Секако дека постојат неколку основни правила за кои сите знаеме, како што е тоа дека црвено вино оди со црвено месо или бело вино со риба и бело месо.

Знаеме дека комбинирањето во најголем број случаи е субјективно, во зависност од желбите на тој што ги консумира. Но, ако сакате да ги искомбинирате на правилен начин, треба да ги имате предвид следните можности:

Зеленчук – суво бело вино

Печен зеленчук – суво бело вино, розе, црвено вино

Меко сирење – слатко бело вино, бело вино, пенливо вино, десертно вино

Тврдо сирење – пенливо вино, слатко бело вино, црвено вино, јако црвено вино

Риба – бело вино, суво бело вино, пенливо вино

Морски плодови – розе, бело вино

Бело месо – бело вино, розе, црвено вино

Црвено месо – црвено вино, јако црвено вино

Производи од месо – слатко бело вино, розе, црвено вино, јако црвено вино, десертно вино

Слатки – слатко бело вино, десертно вино

Related Posts with Thumbnails