wordpress counter

Контроверзни ресторански правила (2 дел)

Во првиот дел зборувавме за три контроверзни правила: задолжителна напојница или „бакшиш“, забрането за деца и забранета промена на менито. И денес ќе наведеме уште три такви правила, кои веруваме дека се контроверзни и предизвикуваат реакција, позитивна или негативна.

Без резервации
Од една страна, добро е кога нема резервации затоа што може да ви се насмевне среќата и да седнете некаде каде што инаку би чекале со денови слободна маса. Покрај тоа, кога има резервација се случува друштвото пред вас да се заседнало, па повторно мора да почекате. Но, од друга страна, може да се случи да не можете да најдете никаде место и вашата вечер да се уништи. Според наше мислење, резервацијата е секогаш подобра варијанта.

Забранета употреба на мобилни телефони и камери
Ова правило го нема кај нас, но во светот веќе функционира. Рестораните не сакаат вашите повици и разговори да им пречат на другите гости. Поточно, во нивното уживање во храната. Сепак, ова правило не е на место. Ако земеме предвид дека разговорите на соседните маси се гласни, тогаш како е можно разговорот на телефон или фотографирањето на храната да им пречат на другите гости?

Плаќање само во кеш
Со оглед дека секој ресторан кој дозволува плаќање со картички плаќа и провизија на секоја сметка, тогаш јасно ви е зошто некои места бараат само кеш. Сепак, менаџментот на ресторанот треба да ги вкалкулира и овие трошоци како трошоци на работењето и да ги наплати. Особено денес, кога сѐ помалку луѓе носат кеш со себе. И сумата која ја носат можеби нема да биде доволна да се покрие сметката.

Related Posts with Thumbnails