wordpress counter

Кратка историја на зачините

Благодарение на светските истражувачи, морнари, научници и космополити, денес на располагање ни е широка лепеза на зачини од сите страни на светот. Се употребуваат во најразлични форми – листови, кора, корени, пупки, цветови или семки.

Она што е најзаводливо кај зачините е секако нивната живописна боја и арома. Покрај изгледот и вкусот, новите истражувања покажуваат дека употребата на зачини носи и низа здравствени бенефити за нашиот организам.

Во минатото, зачините им давале питкост на средновековните вина, служеле како афродизијак, биле незаменлив дел во готвењето, медицината, богослужбите. Се верувало дека имаат магична моќ, а биле толку скапи и драгоцени, што се чувале заклучени. Биле симбол на богаство и моќ.

Низ вековите им се припишувале разни лековити својства. На пример, ванилата и ѓумбирот се препишувале против импотенција. Дел од нив се користеле и за намалување на телесната тежина, за воспаленија или лекување рани.

За нив дури се воделе и војни. Најпознати од нив се војната помеѓу Португалија и Холандија и помеѓу Англија и Холандија. Тогаш најценет зачин бил мускатното оревче, поради верувањето дека тој е лек за чума која покосила 35.000 луѓе во Лондон во 1603 година.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Сангрија со црвен портокал

Сангријата е еден од омилените пијалаци кои се дел од секоја забава. Приготвувањето е едноставно, а гостите се секогаш задоволни....

Close