wordpress counter

Кулинарски туризам

КУЛИНАРСКИ ТУРИЗАМ

Некогаш патувањата подразбираа трчање од катедрала до музеј или зафаќање на најубавите места на малите плажи. Но, денешните патувања имаат уште една многу важна димензија. Запознавање со кујната, храната и традицијата на готвење во земјата која ја посетуваме.

Современите туристи веќе не трчаат од кафеана до ресторан за да ја дознааат кујната на една земја. Нивните критериуми сега се повисоки и поизострени. Потрагата води кон уникатно, посебно, единствено јадење, зачин, тајна состојка, начин на приготвување, ново име. Општо познатите јадења веќе не нѐ привлекуваат. Сите ги знаеме, сме ги вкусиле, секаде ги има.

Денешните туристички понуди сѐ повеќе вклучуваат готварски школи и курсеви. Од оние за деца, преку возрасни, па сѐ до оние кои подлабоко навлегле во оваа професија. Се одржуваат по познати хотели, специјализирани академии, или во рамки на селски туризам. Може да бидат ограничени само на еден тип на јадење, да бидат територијално поделени, да се изучува декорирањето и сервирањето. Буквално – за сечиј вкус.

Запознавањето на една култура не е можно без да имаме директен контакт со месното население. Еве предлог од нашата редакција како да го поминете одморот:

пристигнувате во некое место за кое повеќето никогаш не слушнале. Се сместувате кај некое локално семејство, кое се состои од неколку генерации. Се будите наутро. Ве обземаат пријатни мириси кои будат глад во вас. Уште не расонети, трчате кон кујната. 2-3 женички од семејството веќе ги заземале своите места покрај работната маса и шпоретот. Вие ѕиркате во лонецот и во тавите. Мирисате и ја следите домаќинката или домаќинот како ги приготвува состојките. Стоите зад нив, среќни што тие ви ја раскажуваат нивната животна филозофија. Па дури и ако не зборувате на истиот јазик.

Врвно искуство и доживување од прва рака, кое ќе си го понесете накај дома и секогаш ќе го имате. Тоа не исчезнува.

Related Posts with Thumbnails