wordpress counter

Лабораторија за готвење

Нејтан Мирволд е еден од навистина најинтересните готвачи на светот. Поседува сопствена лабораторија за готвење, во која се случува тестирање, фотографирање и пишување на неговата книга од 2.400 страници – „Modernist Cooking“. Книга, која ќе ги опфати, документира и илустрира сите готварски техники, од предисторискиот период до денес.

Неодамна, тој подготви вечера со дури 30 различни јадења кои одеа во комбинација со 8 различни пијалаци. И сето тоа во знак на ширење и почитување на модерната кујна.

Во менито имаше буквално сѐ. Од пржени круши и кисел чипс, преку суфле од сирење, „снежна топка“ од јаболка, „fois gras“ роше, супа од тиква, крем од печурки, паста од какао и морски ежиња, лосос со путер од зачини, рикота од козјо млеко, сос и путер од грашок, масло од цимет, па сѐ до сладолед од ‘фстаци и крем бруле со кафе.

Ве оставаме да уживате во фотографиите на овој виртуоз и вистински вљубеник во храната:


Related Posts with Thumbnails