wordpress counter

Македонецот кој го знaе цел Холивуд

Димитри Димитров е навистина интересен лик на кој угледниот „Њујорк Тајмс“ му посвети значаен медиумски простор. Станува збор за шеф на персоналот на ресторанот „Тауер Бар“, во кој отседнува буквално секоја холивудска ѕвезда. Ресторанот е во склоп на хотелот „Sunset Tower Hotel“ во Холивуд.

Димитров е македонец, син на емигранти, кој има долга кариера во хотели и ресторани. „Њујорк Тајмс“ го опишува како македонец со Рудолф Валентино фризура, широка насмевка, театрален источно-европски акцент, за кој може да помислите дека самиот тој го измислил и екстравагантна љубезност. (Погледнете галерија со фотографии од Димитри Димитров)

Џенифер Анистон е една од редовните гости кај Димитров. Таа за него вели: „Тој создаде рај на сигурност, место во кое никогаш нема никој да те предаде.“

Тоа е место во кое никој не смее да влезе и тајно да слика некоја позната личност. Според зборовите на гостите и персоналот, никој не може да добие маса без претходно одобрение на Димитри.

Димитри е како човек од некој фантастичен роман. Штом ќе ве здогледа, плеска со рацете од радост. Тој танцува додека ве носи до масата“ – ќе изјави еднаш Анџелика Хјустон.

Ако ги запрашате Џони Деп, Шон Пен или Андерсон Купер, веројатно ќе ви го кажат истото. Инаку, Димитри долги години работел во хотели и ресторани, поминувајќи низ сите скалила на својата професија. Денес е практично на врвот. Секој гостин има огромна доверба во него. И тој самиот ја има заслужено. „Сѐ знам, но ништо не зборувам“ е неговата девиза.  

Според весникот, човекот е буквално енциклопедија на настани и личности. Може да организира каков било настан со најголема леснотија. Без да забележите, тој успева да ги спои оние што си одговараат и да се разминат оние кои се скарани. Едноставно, Димитри е гениј.

Убаво е кога ќе прочитаме дека некој македонец успеал да ја доведе до совршенство својата работа и професија. Малку се, но секогаш ќе ве известуваме за нив. Затоа што имаме човек со кој може да се гордееме.

Related Posts with Thumbnails