wordpress counter

Маслиново масло (1 дел)

Масли­но­вото масло е еден од нај­у­ба­вите дарови кои при­ро­дата ги под­го­твила за нас. На ниту еден вистин­ски вљу­бе­ник во хра­ната нема да му се случи да остане без ова масло во сво­јот дом. Денес, кон овој про­и­звод се одне­су­ваме исто како и со виното. Се отво­раат оле­о­теки, цен­три за дегу­ста­ција, се созда­ваат експерт­ски тимови, се кори­сти совре­мен про­цес на производство.

Во овој текст ќе се освр­неме на три важни пра­шања повр­зани со ова масло — него­вите леко­вити свој­ства, при­ме­ната во исхра­ната и како да одбе­рете ква­ли­тетно масли­ново масло.

ПРИМЕНА ВО ИСХРАНАТА
Тра­ди­ци­о­на­лно гле­дано, масли­но­вото масло е основ­ното масло кое се кори­сти во земјите на Меди­те­ра­нот. Се кори­сти во секое јадење кое бара опре­де­лена масно­тија. Може да послужи и како основа за мари­нада, како при­ро­ден кон­зе­рванс, за чување на тревки, како и при под­го­товка на колачи и слатки јадења.

Послат­ките масли­нови масла се кори­стат за риба, додека попи­кант­ните за гор­члив зелен­чук како што е рукола. Оние со посла­док вкус и ово­шен мирис се одлични за салати и слатки јадења.

Воо­би­ча­е­ната пре­дра­сува која постои за ова масло е дека тоа не е здраво ако се упо­тре­бува за пржење, печење и варење на хра­ната. Меѓу­тоа, ова е сосема погре­шно мислење. Поради висо­ката точка на димење, ова масло е одли­чен избор за варење и пржење на хра­ната. Важно е дека за време на ваквите тех­ники на готвење се губат опре­де­лени поли­фе­ноли, алко­холи и естри, но не се менува него­вата хра­нлива вред­ност. Инте­ре­сно е дека ја штити хра­ната од губење на хра­нливи состојки при варење, затоа што ја обло­жува наме­сто да про­дира во неа.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Статии