wordpress counter

Менито на Британските музички награди

„BRIT Awards“ се одржаа на 21-ви февруари. Овој текст нема да се занимава со доделените награди и срцепарателни говори, туку се однесува на менито кое беше послужено на оваа церемонија.

За менито беа задолжени британските кетеринг експерти Payne & Gunter. Со оглед дека имаше стотици гладни и жедни усти, тимот на компанијата ги запали печките, ги намести масите и ги приготви јадењата и пијалаците.

Тоа, во бројки, би изгледало вака:
• 60 готвачи
• 550 луѓе персонал
• 1.500 часови работа
• 100 кг домати
• 120 л свежо цеден сок од лимета
• 130 кг јагнешко месо
• 150 кг путер
• 220 кг виолетова зелка
• 1.200 јагнешки ребра
• 3.000 јајца
• 5.200 кростини
• 5.500 кг мраз
• 7.800 колачи
• 15.000 чаши

Related Posts with Thumbnails