wordpress counter

Младо маслиново масло

Од неодамна, започна многу да се зборува и за младото маслиново масло. Тоа се добива од маслинки кои сè уште не се зрели, поточно 1/3 од маслинката е само зрела. Бербата е во текот на октомври. Маслото што ќе се добие е матно, со интензивен мирис и вкус.

Во Тоскана младото маслиново масло се користи со векови. Таму, во текот на ноември, од аперитив па до десерт, сè е подредено на искористување на младото маслиново масло. Во периодот на берба, има нагласена горчливост, но тоа е краткотрајно. Потоа се развиваат аромите кои потсетуваат на свежа трева, зелени јаболка и други привлечни ноти.

Одлично се комбинира со свежо печен леб, како и во ладни предјадења со риба, школки, ракови. Ако станува збор за топло предјадење, тогаш младото маслиново масло оди со пржени печурки, кремасти густи супи, зеленчук варен на пареа.

Да не ги заборавиме и десертите. Карамелизирани јаболка прелиени со топено чоколадо, со слатко вино и младо маслиново масло. Оваа комбинација може да ја декорирате со неколку зрна морска сол.

Related Posts with Thumbnails