wordpress counter

На пазар со скенер за овошје

Колку пати сме биле на пазар или во маркет и сме купиле некое овошје кое изгледало сочно и зрело, а кога сме дошле дома сме се разочарале. Токму затоа, екипа на германски научници развија мал уред за тестирање на овошје, со што се олеснува изборот на купувачите.

Станува збор за мал инфрацрвен спектометар кој може да го измери нивото на вода, шеќер или скроб во плодовите. Апаратот е многу мал и во иднина би можело да се вградува во мобилните уреди.

Инаку, уредот работи така што испушта инфрацрвена светлина кон овошјето. Брановите продираат во плодот и на тој начин се мерат вредностите. На овој начин, може да се утврди и дали плодот е зрел и дали има доволно шеќер во него. Откако ќе ги собере податоците, потоа софтверски се споредуваат со постојаната база на податоци за определен вид овошје.

Овој уред треба да се појави во слободна продажба за најмногу три години.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Јагоди на 100 начини

Полека влегуваме во сезоната на јагоди. Сезона во која полиците за овошје во маркетите и тезгите на пазарчињата се во...

Close