wordpress counter

Најбогатите македонци во прехранбената индустрија (1 дел)

Храната е една од работите која нам македонците ни е во генот. Тоа го покажуваат и редица успешни македонски бизнисмени во светот на храната. Оваа статија им е посветени ним – на најуспешните и најбогатите македонски бизнисмени во светот.

Џон Битов Сениор (1929 – )
Место на раѓање: Торонто, Канада

Неговите родители пребегнале од Костурско, Егејска Македонија, веднаш по Првата Светска Војна. Џон Битов е роден 10 години подоцна. Неговиот животен и работен пат е импресивен. Негови се синџирите ресторани JB’s Big Boy и Roy Rogers рестораните на територијата на Канада. Од 1982 го организира кетерингот за меѓународниот аеродром Торонто Пиарсон, а подоцна и за Toronto SkyDome.

Во 1989 година ги спојува сите свои фирми во Bitove Corporation која е една од најголемите корпорации за храна во Канада. Во 1989 година го добива и Орденот на Канада. Познат и по својот хуманизам и организирање на добротворни настани.

Ендрју Пејков Џуниор (1976 – )
Место на раѓање:

Енди Пејков е сопственик на Niagara Drinking Water Inc, најголемата компанија за флаширана вода во САД, водена од семејство. Основач е неговиот татко Пејков Сениор, кој по претпрениот срцев удар го става својот син на чело на компанијата. Оваа компанија ги продава своите производи во Wal-Mart и Costco. Киркланд водата ја произведува и продава со нивно партнерство.

Нивната вода, денес, е на исто ниво како и Poland Spring на Нестле, Aquafina на Пепси и Dasani на Кока Кола. Според Пејков, тајната е во постојано намалување на трошоците, висок квалитет и пониски цени од конкурентите.

Related Posts with Thumbnails