wordpress counter

Најдобар афродизијак: добра атмосфера и добро вино

Се сеќа­вате ли на еден од гуру­ата во све­тот на хра­ната на пора­не­шната држава, Стево Кара­панџа? За оние помла­дите што не знаат, тој заедно со позна­тиот хрват­ски води­тел Оли­вер Мла­кар беа дома­ќини на првото и един­ствено шоу за готвење во пора­не­шна Југославија.

Пред неко­лку недели, во ресто­ра­нот Bon Apetit, леген­дар­ниот готвач, хедо­нист и шар­мер ја про­мо­ви­раше сво­јата нај­нова книга — готвач. Оваа книга ги содржи него­вите нај­драги реце­пти. Реце­пти кои ги под­го­тву­вал, дора­бо­ту­вал, испро­бу­вал и конечно ги вкло­пил во богат готвач, кој сега ни е доста­пен на сите нас.

Спо­ред него­вите збо­рови, нај­го­ле­мите идеи за готвење наста­ну­ваат во куј­ната и тоа со многу експе­ри­мен­ти­рање и ком­би­ни­рање. Смета дека секој може да се навикне на храна од различни подрачја. Како при­мер ги наве­дува швај­цар­ците (веќе 10-тина години е сопстве­ник на ресто­ран во Швај­ца­рија), кои едно­ставно „полу­деле“ по спе­ци­ја­ли­те­тите од балкан­ските подрачја.

Негов гла­вен совет е: лесна и едно­ставна храна и добро вино. Тоа е нај­до­бриот афро­ди­зи­јак кој може да го нај­дете. Посебно го потен­цира виното и секако да се воздр­жиме од пре­те­ру­вање кога пиеме.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Статии