wordpress counter

Најголемите скандали со храна на светот

Овие денови Европа ја потресува една од најголемите афери поврзани со храна. Станува збор за продажба и консумирање на коњско месо. Во исто време, Балканот поминува низ кризата со млеко – односно присуство на афлатоксин во него. Поради тоа, решивме да ги наведеме најголемите скандали со храна во светот во последно време.

Коњско месо во говедски производи
Коњското месо е пронајдено во речиси сите месни производи низ Европа – од хамбургери до смрзнати лазањи. Веќе има и уапсени за оваа афера, а расправи се водат во сите можни сектори на живеење – од квалитетот на производите, па сè до моралната одговорност на производителот.

Опасно млеко
Оваа афера започна во Кина во 2008 година, кога починаа најмалку 6 деца од млеко со меламин. Станува збор за индустриска хемикалија која предизвикува камења во бубрезите на малите деца. Покрај тоа, се појави и аферата со афлатоксин на Балканот. За среќа, нашите производители докажаа дека македонското млеко е здраво и дека покрај желбата за профит, имаат и морални начела кои ги почитуваат.

Кравјо лудило
Во Британија се појави таканареченото кравјо лудило кое зема преку 80 жртви. Месната индустрија се најде на колена. Аферата со текот на годините се смири, но прашањето не е докрај расчистено.

Розова слуз
Станува збор за адитив кој се темели на индустриски обработено говедско месо, а кој обично служи како дел од храната за кучиња. Се состои од фино мелени тетиви, масти и сврзувачко ткиво. Но, содржи и други додатоци како амонијак, кој е опасен за нашето здравје. Аферата ја откри славниот готвач Џејми Оливер.

Ешерихија коли
Епидемијата во Европа во 2011 година ја предизвикаа семки од грчко семе увезени од Египет. Се разболеле 3.000 луѓе, а 30 починале.

Листериоза
Оваа епидемија ги потресе САД во 2011 година. Ова е епидемија од патогена бактерија која се разможува на земја. Човек може да се зарази ако јаде контаминирана храна. Од епидемијата починаа 30 луѓе, а се разболеа преку 150.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Буковка во пивско тесто

Пивото се пие во секоја прилика. Еден вид ритуал е да се гледаат спортски натпревари, зачинети со пиво и кикиритки....

Close