wordpress counter

Направете си сопствена градина (1 дел)

Голем дел од продуктите кои ги купуваме, можеме сами да ги одгледуваме. Ако сте градинар почетник, ви предлагаме спиок од 15 плодови и растенија кои можете лесно да ги засадите.

Освен да одберете што ќе посадите, треба да внимавате и на земјата, количеството на сонце и вода и секако контрола на штетниците. Бидејќи процесот не е едноставен, ние ви предлагаме да започнете со следните плодови:

Тревки
Босилек, магданос и рузмарин растат каде било. Лесно се садат, во мали саксиички со земја (дијаметар 25 цм би бил сосема доволен). На тој начин, ќе имате доволно зачини за вашите специјалитети. А, ќе заштедите и пари.

Домати
Најдобро е да се засадат директно во земја уште како мали (можете така да ги купите или да засадите семе). Откако ќе ги засадите, ќе им треба само многу сонце. Важно е да ги засадите доволно длабоко. Најдобро, првите листови да ја допираат земјата.

Тиквички
Нивниот род е прилично богат. Едно или две растенија ви се сосема доволни. Цветовите се исто вкусни како и самиот плод.

Компири
Ќе биде потребно да купите семе од компир. Можете да одберете и органски компири, како најдобра варијанта за вашето здравје. Во тој случај, отсечете неколку парчиња од комирот, оставете ги неколку дена да се исушат и потоа засадете ги. Компирот најбрзо расте ако почвата е богата со нутритиенти. Можете да ги соберете кога се тенки и мали или да почекате на крајот од сезоната, за да добиете големи компири.

Ротквици и трупки
Овие два плода растат брзо и лесно во текот на пролетта и есентта. Ќе можете да ги консумирате само еден месец откако сте го посадиле семето.

Related Posts with Thumbnails