wordpress counter

Направете си сопствена градина (2 дел)

Во првиот дел наведовме дека садењето на плодови и тревки може да биде лесна задача и за почетник. Наравивме список на 15-тина плодови кои можжете сами да ги засадите и потоа да ги искористите во готвењето.

Кромид
Како и компирите, така и кромидот најдобро успева ако направите посебни оградени делови со ширина од 1 метар. Можете да посадите мали кромидчиња од претходната сезона или да засадите семе за кромид.

Грашок
Каква било сорта на грашок да засадите – нема да згрешите. Најдобро е грашокот да се засади на почетокот на сезоната, во добро засушена почва. Како ќе се затоплува времето, така тие бргу ќе растат.

Зелена салата
Можете да засадите каква било врста. Но, треба да се внимава кога ќе стане многу жешко. Тогаш, зелената салата бара сенка. Со оглед дека растат близу до земјата, најдобро е да се опкружени со повисоки растенија како домати или грав, за да добијат природна сенка.

Грав
Како и грашокот, така и гравот ужива да расте. Најдоброе семето да се засади во топла почва и да се постави нешто по кое растението ќе расте. На гравот му треба многу сонце и изобилство вода.

Кељ
Ова растение преферира пониски температури и влажна земја. И покрај тоа, едноставно се одгледува. Со оглед дека му треба време да израсне, засадете го семето еден месец пред последните студени денови и мразови. Листовите сечете ги од долу кон горе и на тој начин ќе започне брзо да расте.

Related Posts with Thumbnails