wordpress counter

Направете си сопствена градина (3 дел)

Во претходните два дела споменавме 10 различни плодови или растенија кои лесно можете да ги посадите и да ги искористите при подготовка на вашите омилени специјалитети. Денес, го комплетираме списокот на плодови кои можат да ги посадат и почетници.

Брокули
Брокулите сaкаат клима која има свежи ноќи и топли денови. Не ѝ смета мраз и можете да ја садите два пати годишно. Еднаш – еден месец пред последните мразови, вториот пат – еден месец пред да настапат есенските мразови. Растат високо, па затоа позиционирајте ги така што нема да им прават сенка на пониските растенија.

Пиперки
Без оглед дали сакате лути или благи пиперки, најдобро е да ги засадите во земја како семе. Сакаат топлина и даваат изобилство од плодови.

Моркови
Растат во оградени простори или длабоки контејнери на расфрлана земја без каменчиња. Сакаат топлина и постојана влажност.

Спанаќ
Расте добро на свежо време, во текот на пролетта и есентта. Избегнувајте го летото, бидејќи не му одговара. Ако сакате многу плод, тогаш засадете многу спанаќ. Можете да ги собирате првин големите листови или да ги засекувате сите листови. Ако го одберете вториот метод, спанаќот ќе даде неколку пати плод во текот на сезоната.

Related Posts with Thumbnails