wordpress counter

Натпревар: Обична, морска или кошер сол

Од нутриционистичка гледна точка, помеѓу овие три типа на сол нема никаква разлика. Она што ги прави посебни е нивниот вкус и структура.

Кошер солта е име на една од најупотребуваните облици на кујнска сол. Има гранулирана структура и е многу покрупна од обичната сол. Се состои од натриум хлорид и за разлика од обичната сол, не содржи додатоци како што е јодот.

Обичната сол е камена сол. Многу е ситна и содржи јод кој е неопходен за функционирање на штитната жлезда.

Морската сол, која доаѓа во ситни зрна или гранули, има малку поинаков вкус поради примеси на други минерали. Повеќето луѓе ја преферираат токму поради единствениот вкус.

Она што е важно е дека препорачаниот дневен внес на сол треба да се движи помеѓу 1.500 и 2.400 милиграми. Во спротивно, се ризикува зголемен крвен притисок и дополнителни здравствени проблеми. Што се однесува до јодот, може слободно да консумирате и кошер сол, бидејќи јодот ќе го внесете преку храната, особено млечните производи и морските плодови.

Related Posts with Thumbnails