wordpress counter

Непознати факти за сирењето

Сирењето е еден од специјалитетите во кои сите подеднакво уживаме. Ние, често пати сме пишувале на оваа тема, но овој пат сакаме да ве запознаеме со неколку интересни и малку познати факти за сирењето.

Се смета дека сирењето за првпат е направено на територијата на Блискиот исток. Имено, постојат податоци во библијата и грчки и римски книги, дека сирење се подготвувало од козјо и овчо млеко пред 8.000 години. Тоа бил единствен начин да се сочува млекото кога било жешко времето.

Најголем производител на сирење во светот е САД. Тие произведуваат 30% од светското произвоство, односно 1,1 килограм за секој жител на планетата.

Најскапото сирење се произведува во Шведска. Цената е 20.000 денари за половина литар млеко. Оваа цена произлегува од фактот што ова млеко се добива од лос, кој е мошне тежок за припитомување. Еднакво тешко е и добивањето на млеко.

Французите не се нација која најмногу консумира сирење. Според статистиките, тоа се грците. Тие консумираат дури 30 килограми сирење по човек годишно. Најголемо учество има фета сирењето. Дури потоа доаѓаат французите, со 26 килограм по глава на жител.

Најпопуларно сирење е чедар. Најдобриот чедар доѓа од областа Сомерсетшир во Британија. Американците консумираат и најмногу од ова сирење – 4.4 килограм по жител.

Постои сирење кое се прави од мајчино млеко. Една мала фарма во Франција, прави сирење од донирано мајчино млеко. Според познавачите, ова сирење е богато со витамини и има вкус на лешник.

Related Posts with Thumbnails