wordpress counter

Неверојатни факти за храната (2 дел)

Во првиот дел наведовме 10-тина факти за кои веруваме дека не сте ги слушнале досега. И во вториот дел од статијата продолжуваме со исто темпо. Некои факти навистина ќе ве зачудат.

Ако викате постојано 8 години, 7 месеци и 6 дена, ќе произведете доволно енергија да сварите една шолја кафе.

Белото чоколадо не е вистинско чоколадо затоа што е направено од шеќер, путер од какао, млечни супстанции, лецитин и ванила.

Тостерот за леб е измислен од страна на „Crompton and Company“ од Лидс, Англија во 1893 година.

Англискиот збор за бакшиш „tips“ е всушност скратеница од „To insure prompt service“ („да се добие брза услуга“).

Во Јапонија се смета дека носи среќа ако случајно истурите сол.

Швајцарското сирење при ферментацијата создава гас кој клокоти внатре и ги создава познатите дупчиња кои производителите ги нарекуваат „очи“.

Познатиот член на „Битлси“, Ринго Стар бил дел од јапонска реклама за сос од јаболка. Случајно или не, неговото име Ринго на јапонски значи јаболко.

Ананасот е меѓународен симбол за гостопримство.

Крушата е еден од ретките плодови кои созреваат првин внатре, па потоа однадвор.

Мел Блан, кој го позајмуваше гласот на Душко Долгоушко цели 50 години, бил алергичен на моркови.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

На пазар со скенер за овошје

Колку пати сме биле на пазар или во маркет и сме купиле некое овошје кое изгледало сочно и зрело, а...

Close