wordpress counter

Неверојатни факти за храната (3 дел)

Продолжуваме со оваа навистина интересна статија во која може да прочитате факти кои ќе ве остават без зборови. Токму како што не остава без зборови секој вкусен специјалитет кој ќе го пробаме или приготвиме.

Првата „Кока кола“ која е направена имала зелена боја.

Брусниците се проверуваат дали се зрели со нивно удирање од земја. Најзрелата брусница може да ја „тапкате“ како кошаркарска топка.

Јајцето кое плови во вода значи дека е расипано и не треба да се консумира.

Фламингото им ја должи својата розова боја на пигментите во алгите кои ги консумираат.

Најпродаваната бебешка храна во Јапонија се сардините.

На Универзитетот Хамбургер во Илионоис може да се изучува научната дисциплина – хамбургерологија.

Медот е една од ретките храни која никогаш не се расипува.

Аруача луѓето од Колумбија во сите свои оброци консумираат пченка.

Сервирањето на риба со лимон датира од средниот век, кога луѓето консумирале лимон верувајќи дека тој ќе ја разложи секоја коска од рибата која случајно ќе се проголта.

Зелената салата е единствениот зеленчук кој се продава исклучиво во свежа форма.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Салата од ориз во сите пролетни бои

Со оглед дека веќе ни пристигна сезоната пролет-лето 2012, ви претставуваме еден токму таков рецепт. Станува збор за ладно предјадење,...

Close