wordpress counter

Неверојатни факти за храната (4 дел)

Последниот дел од оваа статија го завршуваме со уште неколку интересни и неверојатни факти за светот на храната. Веруваме дека уживавте при читањето на овие четири дела и се воодушевувавте на сите производи и плодови кои ги консумираме секојдневно.

Најпрепознатлив мирис на светот е мирисот на кафе.

Капсаицинот, состојка која ја прави храната лута, најлесно се неутрализира со протеинот каезеин кој се наоѓа во млекото.

Сендвичот го добил своето име по грофот од Сендвич (1718-1792). Сендвичите биле направени со цел грофот да може да се коцка без да мора да станува за време на оброците.

Хамбургерот го измислис Луис Ласен во 1900 година. Приготвил говедско месо на скара и го послужил во две парчиња тост.

Бадемот е дел од фамилијата на праски.

Пивото е популарна состојка при пржење на храна, затоа што еден негов протеин овозможува да се добие лесен и крцкав оброк.

Црниот пипер е најпопуларниот зачин на светот.

Блендерот го измислил Стивен Поплавски кој ставил мали ноженца во електричен уред со цел да направи милкшејк.

Путерот и маргаринот имаат речиси ист број на калории. Разликата е што путерот содржи повеќе заситени масти, а маргаринот незаситени масти.

Во составот на зелката најмногу има вода – 91%.

Related Posts with Thumbnails