wordpress counter

Нови производи: Виолетова сол од бамбус

Бамбусовата сол е навистина необичен производ: со нејзина помош се добиваат подобри сензорски својства на месните продукти. Употребата на бамбусовата сол е во склад со новите тенденции на намалено користење на сол при производство на храна.

Со оглед дека намалената употреба на сол ќе резултира со лоши хемиски и сензорски својства на месото, се јави потребата од достојна замена на натриум хлоридот. А, од сѐ што можело да ја добие оваа функција, добро се покажала само бамбусовата виолетова сол.

Особено е интересен начинот на нејзино добивање. Обичната морска се пече во бамбусови трски и тоа на оган кој се потпалува со помош на борово дрво. Со оваа постапка не само што се прочистува солта, туку и се збогатува со бамбусово масло. Оваа постапка била позната и во минатото и се повторувала 2-3 пати, а денес се повторува најмалку 9 пати, пред да се добие готов производ.

Истражувањата покажале дека месото подготвено со бамбусова сол е помеко, посочно, повкусно и со поубава боја. Оттука и заклучокот на научниците кои работеле на овој проект од Униврзитетот Конкук во Јужна Кореја, кои сметаа дека оваа сол има блескава иднина во прехранбената индустрија.

Related Posts with Thumbnails