wordpress counter

Очила кои создаваат привид за големината на порцијата

Јапонските научници од Универзитетот во Токио изработиле очила кои ќе ни помогнат да ги намалиме килограмите со создавање на привид за големината на оброкот кој го консумираме.

Рамките на очилата се многу покомпактни од класичните очила и со помош на компјутерска технологија, кај корисникот создаваат лажна слика за многу поголема и повкусна порција.

Имено, очилата имаат вградена мини камера која дава зголемен приказ на порцијата и на тој начин го лаже мозокот дека сме изеле многу. Покрај тоа, со помош на цевче кое испушта убав мирис во носот, очилата го подобруваат вкусот на јадењето.

Интересно е дека една група на доброволци веќе ги испробала очилата. Резултатите покажуваат дека тие изеле за 10% помалку колачи отколку оние кои не ги носеле. Групата која носела очила ги гледала колачите за 50% поголеми.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Неколку работи кои не сте ги знаеле за џинот (2 дел)

И во вториот дел од оваа статија откриваме уште неколку интересни факти за овој посебен пијалак. „Мартини“ значи џин „Мартини“...

Close