wordpress counter

Односот помеѓу шефот на кујната и гостите

Гостите сè повеќе сакаат демистификација на кујната и специјалитетите кои ги нарачуваат.

Без да ја намалуваме улогата и значењето на келнерите, сепак гостите сакаат да дознаат како нивното јадење стигнало до чинијата, со кои состојки, со кои методи. Барем нам би ни било интересно кога главниот готвач би одвоил 2-3 минути да го објасни своето готвење. Уште кога би ни рекол дека самиот оди на Бистра, на пример, за одбере сирење или во некој рибник на југот на Македонија за да ја најде најсвежата риба, тогаш задоволството ќе биде комплетно. А ќе следува и наредна посета на истиот ресторан.

Но, оваа пракса не постои кај нас или барем ние не сме запознаени со неа. Целата конверзација (дури и ако побарате информација) се сведува со враќање на келнерот и блед и краток одговор на нашето прашање. Како нашите готвачи да се најпознатите на светот, па стравуваат дека некој ќе им ги украде рецептите и специјалитетите.

Еден совет од гурманите до сопствениците на ресторани и главните готвачи: излезете им во пресрет на барањата на гостите. Објаснете им го тоа што сакаат да го слушнат. На тој начин ќе обезбедите нова посета и нови гости, а вашиот ресторан не само што ќе продолжи да постои, туку ќе работи и многу посупешно.

Related Posts with Thumbnails