wordpress counter

„Откачени“ гастрономски комбинации (2 дел)

Во првиот дел споменавме неколку интересни и откачени комбинации како домати и шеќер или кафе и сол. Денес продолжуваме со уште четири посебни комбинации кои можете слободно да ги испробате.

Јагоди и бибер
Вообичаено, свежите јагоди се служат попрскани со шеќер, поради нивната киселост. Но, оваа комбинација, иако на прв поглед, изгледа невообичаено, вистински ќе ве изненади и ќе им даде нова свежина на јагодите.

Компири и мускатно оревче
Додадете само малку мускатно оревче на компирите и ќе добиете неверојатен вкус. Ако сакате, тајната може да ја сочувате само за вас или пак да ја споделите и со други. Но, верувајте, ако еднаш вкусите, компирите ќе добијат сосема поинакво место во вашата исхрана.

Чили и чоколадо
Оваа комбинација е посебно вкусна. Слатко-луто уживање, во кое чилито ќе му даде јак вкус на чоколадото. Овој трик е познат во сите земји каде чилито е дел од исхраната.

Јаболка и ванила
Јаболката се кисели и поради тоа секогаш бараат шеќер. Најчесто додаваме цимет, но екстрактот од ванила ќе им даде длабок вкус на јаболката. Вие ќе продолжите да уживате во ова овошје, но на еден поинаков начин.

Related Posts with Thumbnails