wordpress counter

„Откачени“ гастрономски комбинации (1 дел)

Храната дозволува безброј комбинации, кои зависат од нашето расположение и креативност. Доколку сте подготвени за поголеми експерименти и не се плашите да пробате нешто поинакво, тогаш оваа статија е наменета токму за вас.

Моркови и шеќер
Иако, за поголем дел од светот, комбинирањето на зеленчук и шеќер е непозната појава, ова е еден од вообичаените начини на приготвување на моркови во Франција. Иако, рака на срце, и ние во Македонија често го правиме тоа. Францускиот рецепт за ова јадење гласи: моркови, сол, бибер, шеќер и „Vichy“ вода. Се готви сѐ додека морковите не добијат глазура.

Кафе (топло чоколадо) и сол
Додадете малку сол на овие два пијалака и ќе се засили нивната арома. Да не заборавиме дека сол се става и при подготвка на десерти. Но, ако велиме многу малку сол, мислиме на малку сол. Впрочем, појдете во Caramelo™ и пробајте.

Домати и шеќер
Доматите се и онака кисели и додавањето на сол само ја засилува нивната киселост. Затоа, обидете се со шеќер. На крајот од краиштата, доматите се овошје.

Чоколадо и кафе
Ако подготвувате некој десерт со чоколадо, слободно додадете кафе. Најубавиот пијалак на светот само ќе ја засили аромата и вкусот на чоколадото.

Месо и анасон
Кога приготвувате месо, додадете и анасон. Нема да го почувствувате вкусот на анасонот, но месото ќе има навистина богат вкус. Овој трик го користи еден од најпознатите светски готвачи, Хестон Блументал.

Related Posts with Thumbnails