wordpress counter

Овошје кое ни е помалку познато: Златно јаболко

Златното јаболко е овошје кое е карактеристично за Карипските острови. Има големина на тамошна слива, па затоа е познато и како јунска слива или роса слива. На почетокот е тврдо и зелено, но потоа се претвора во мек и жолт плод. Мирисот и вкусот се многу слични на она што нам ни е познато како ананас.

Плодот е мошне мек и сочен. Слично како и мангото, содржи прилично многу диететски влакна, чија содржина расте со зреењето на плодот. Има дебела, дрвенеста кора која не се јаде. Во внатрешноста се наоѓа плодот со 5 семки.

Има голема содржина на пектин, кој се наоѓа во неговата кора.

Сокот кој се добива од него е горчелив и не се консумира самостојно. Но затоа, одлично се комбинира со ѓумбир и шеќер и на тој начин се добива густ и сладок пијалак.

Related Posts with Thumbnails