wordpress counter

Пченка – плодот во кој сите уживаме

Пченката е плод во кој можеме да уживаме преку целата година, но онаа што е набрана во лето има најмногу хранливи состојки. Се смета дека потекнува од Мексико, а ја консумирале уште Маите, Инките и Ацтеките. Дури, пронајдени се рецепти постари и од 9.000 години. Се користела не само како храна, туку и како гориво и за декорација.

Можеби ви е познато дека на јадењата со пченка често пати се додавал и пепел, затоа што се сметало дека тоа го прави оброкот поздрав. Денес, го знаеме решението на таа тајна. Пченката содржи витамин Б3, во облик во кој нашиот организам не може да го искористи. Со горење на дрва, се создава пепел која помага при ослободување и искористување на овој витамин.

Пченката може да се јаде варена или печена. Ако ја варите, тогаш излупете ја, ставете ја во длабок сад со вода и варете во солена вода околу еден час. Доколку се решите за печена, тогаш наредете ги класјата (излупени) во тава за печење, премачкајте ги со путер и потоа повторно прекријте ги со лушпите. Затворете со алуминумска фолија и печете околу 10-тина минути, на 220℃. Ако ја правите на скара, првин оставете ја пченката еден час во вода.

Пченката изобилува со диететски влакна кои го снижуваат холестеролот, фолна киселина која ги чува крвните садови, витамин Б1 кој е одличен за работата на мозокот и јаглехидрати кои ни даваат доволно енергија за напорниот ден.

Related Posts with Thumbnails