wordpress counter

„PepsiCo“ во помош на Етиопија

Американската компaнија за производство на безалкохолни пијалаци „PepsiCo“, заедно со World Food Program“ и „USAID“ има намера да започне да ги помага африканските, поточно етиопските фармери кои произведуваат слануток, односно наут, кој ѝ е потребен на компанијата во нејзиното производство.

Со овој проект, би требало да се намали гладта во овој дел на Африка и тоа за подолг временски период. Според претставници на компанијата, во моментот околу 100.000 фармери одгледуваат слануток, но тоа не им е најзначајната култура која ја одгледуваат.

„PepsiCo“ планира да вложи средства за подобри семиња и иригациони системи. На тој начин ќе се подобри приносот и фармерите ќе можат да жнеат два пати годишно. Посредно, тоа би требало да стане главен извозен житен производ на Етиопија. Покрај тоа, производители на продукти со слануток ќе можат да отворат погони и да помогнат на локалната економија.

Овој потег на мултинационалната корпорација „PepsiCo“ би требало да го следат сите големи светски компании. Барем како еден мал знак на благодарност за потрошувачите кои го купуваат нивниот бренд.

Related Posts with Thumbnails