wordpress counter

Пет бизарни вкусови на сладолед

Веќе се навикнавме кога купуваме сладолед да имаме огромен избор. Се случува дури и да не можеме да се одлучиме кој вкус ќе го купиме. Но, веруваме дека кај нас сѐ уште не може да се најде ниту еден од следниве, условно кажано, бизарни вкусови на сладолед.

Сланина
Комбинација од слатко и солено која сигурно ќе ги подигне вашите веѓи во израз на негодување. Но, со оглед дека сланината добро се комбинира со чоколадо, не гледаме причина зошто да не оди добро и со сладолед. Во следните денови ќе го објавиме и рецептот за овој сладолед.

Црн леб
Овој сладолед е меѓу најпопуларните во Лос Анџелес. Се прави со црн леб, грозје и карамел. Звучи малку чудно, но ќе признаете дека интригира.

Сируп од роза
Ова е вкус карактеристичен за Индија. Станува збор за традиционален рецепт, но донесен на многу повисоко ниво – покрај сируп од роза, во него има и ѓумбир, фстаци и шафран.

Црни тартуфи
Ако ние полудуваме по тие „миризливи“ печурки, тогаш следи дека би можело да се употребат и во најпосакуваниот десерт. Оние што го пробале велат дека има вкус на „печуркаст сладолед, процеден низ тресесто мочуриште“. Што и да значи тоа.

Јагода и босилек
Земете ги најраспространетите вкусови во текот на летото и искомбинирајте ги заедно. Веројатно најприфатливо од сѐ она што напишавме досега.

Related Posts with Thumbnails