wordpress counter

Предлози за романтични вечери (1 дел)

Најромантичните јадења имаат три важни елементи: привлечни се, претставуваат уживање за нашите непца и во нив има афродизијачки состојки. Секако, кога зборуваме за овој ефект на храната има многу и легенди и митови, но сепак храната може да предизвика реакција слична на чувството кога сме вљубени.

Затоа, во следните три продолженија, ќе претставиме неколку предлози во кои подеднакво ќе уживате и вие и вашиот партнер.

Предлог 1

Сирова или речиси сирова риба
Туна која е крцкава однадвор, а сирова одвнатре, приготвена заедно со аспарагус на пареа и ориз. Зошто сирова риба? Затоа што таа содржи високо ниво на железо, кое влијае на произвдството на тестостерон. Аспарагусот е богат со калиум, калциум и витамин Е и делува на издржливоста. Плус, неговиот изглед буди сексуални алузии.

Предлог 2

Црн грав
Пропржен црн грав со козјо сирење или пропржена боранија со црвена пиперка. Црниот грав е богат со протеини и се смета дека ја зголемува плодноста. Замислете, во 15-тиот век, Католичката црква го забранила црниот грав зошто личел на фетус и со тоа би можел да предизвика возбуда и грев.

Предлог 3

Остриги и школки
Печени остриги или школки. Школките долго време се поврзувале со плодноста, а остригите стануваат популарни поради подвизите на Казанова. Модерната наука вели дека тие се богати со цинк, еден од елементите кои делуваат на потенцијата и кај двата пола.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Анкета: Кој млечен ресторан во Скопје има највкусни производи?

Скопје изобилува со млечни ресторани. Буквално ги има на секој чекор. Со оглед дека во една наша претходна анкета на...

Close