wordpress counter

Предлози за романтични вечери (2 дел)

Во првиот дел од статијата, препорачавме три предлози за романтична вечера со вашиот партнер. Денес, продолжуваме со уште три вкусни предлози кои ќе ги разбудат сите ваши сетила.

Предлог 1

Вечера со зачини и тревки
Пита со свеж домат и босилек. A, eдноставно, можете да искористите каков сакате зачин, во каква сакате вечера. Резулататот ќе се појави поради непобитниот факт дека секој зачин и тревка ослободуваат примамувачки ароми кои ги будат сите сетила.

Предлог 2

Јајца Бенедикт со сос „холандезе“
Јајцата се симбол на раѓање. Отсекогаш се поврзувале со страста и плодноста, а пред сексуалниот чин се јаделе сирови, за да се зголеми потенцијата и плодноста. Денес знаеме дека сe полни со протеини и бргу се метаболизираат. Затоа и се најдоа на нашиот список за романтична вечера.

Предлог 3

Похуван лосос со тенки шпагети и гвакамоли сос
Афродизијачкиот ефект на авокадото произлегува од неговиот изглед. Ацтеките сметале дека личи на тестис, а во другите култури потсетувал на облините на женското тело. Најважно е дека во авокадото има голема количина на протеини, што секако е важно за енергијата на организмот.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Видео: Изум кој ни беше на сите потребен

Сигурни сме дека секојдневно сите го имаме истиот проблем. Никогаш не сме во состојба кечапот и сите други продукти спакувани...

Close