wordpress counter

Премиум чоколади (1 дел)

Чоколадoтo, како и секој друг производ, се произведува со различен квалитет. За некого, најдобри чоколади се Фереро Роше или Годива, за друг Пеир Марколини и Пралус. Како и да е, знаеме дека најдобрите чоколади не можат да се најдат во било која продавница. Ние направивме обид да ви ги претставиме некои од најдобрите светски чоколади.

Le Maison Du Chocolat
Земја на потекло: Франција
Цена: околу 3.000 денари за половина килограм

Ова е ден од најлуксузните француски производители. Самото име означува „куќа на чоколадото“. Овој производител ги пакува своите чоколади во кожни кутии, слично како што се пакува скап накит.

Производите имаат 65% какао, што прави одличен баланс помеѓу слаткото и горчливото. Во асортиманот на „куќата“ ќе ги најдете некои од најдобрите чоколадни слатки, карамели, костени со чоколадна глазура и чоколади со суво овошје.

Основачот на компанијата, Робер Линксе, препорачува чаша квалитетна вода како најдобра комбинација за неговите чоколади. Доколку сакате да ги сервирате со алкохол, тогаш најдобро е Maury, Banyuls и Rasteau.

Dagoba Organic Chocolate
Земја на потекло: САД
Цена: 1.500 денари за половина килограм

По санскрит, името означува храм на боговите. Осоновач е Фредерик Шилинг, кој бил вљубеник во органските чоколади. Дагоба ги купува само рачно берените, органски какао зрна од Доминиканска Република, Костарика, Еквадор и Мадагаскар. Дагоба е дел и од фер трговијата, која ги штити производителите на какао.

Нивниот асортиман вклучува чоколади со лешник, млечни чоколади, со малина и шипка, нане, зелен лимон, цимет, бибер, каранфилче. Покрај чоколадите, можете да купите и многу други слатки.

Во 2001 година, Дагоба ја доби наградата „Најдобро црно чоколадо“ од San Francisco Chronicle.

Овие чоколади најдобро се комбинираат со костариканско или доминиканско кафе.

Related Posts with Thumbnails