wordpress counter

Премиум чоколади (2 дел)

Во првиот дел се запознавме со два вистински премиум брендови: францускиот Le Maison Du Chocolat и американскиот органски бренд Dagoba organic Chocolate. Денес го продолжуваме чоколадното патување во Белгија и Велика Британија.

Charbonnel Et Walker
Земја на потекло: Велика Британија
Цена: 3.000 – 3.500 денари половина килограм

Оваа фабрика е основана во 1875 година и е една од најстарите во Британија. На почетоците, чоколадите се изработувале рачно и се продавале само во Лондон.

Денес, целиот процес е на неспоредливо повисоко ниво, но високиот квалитет е непроменет. Некои од поинтересните вкусови се стапчиња од ѓумбир, крем од роза или шампањ и јагоди.

Chocolatier Neuhaus
Земја на потекло: Белгија
Цена: 3.000 – 6.000 денари за половина килограм

Компанијата е основана од Жан Нојхаус во 1857 година. Интересно е дека оваа комапнија за првпат го има создадено чоколадото со вкус на пралине, чоколадо кое денес ниту едно позвучно име од светот на чоколадите не смее да си дозволи да го нема во својот асортиман.

Компанијата може да се пофали со преку 80 вкусови, полнети со карамел, кафе, ликери или комбинација од крем и чоколадо.

Овошните пралини на Нојхаус одлично одат со оцет балсамико или оцет од јагоди. Потрадиционалните чоколади се комбинираат со црвено вино.

Related Posts with Thumbnails