wordpress counter

Премиум чоколади (3 дел)

Патувањето во светот на највкусните чоколади го завршуваме денес. И каков текст за чоколади би бил ова, ако не споменеме и еден швајцарски производител. A, последното премиум чоколадо кое ќе го споменеме, верувале или не, ни доаѓа од Јапонија.

DeLafée
Земја на потекло: Швајцарија
Цена: 4.000-8.000 денари за половина килограм

DeLafée чоколадите се производ кој не е само чоколадо. Станува збор за вистински чоколаден луксуз, обвиткан во 24 каратно злато кое се јаде.

Интересно е дека овој производител започнал со работа пред само 6 години, но веќе е еден од најдобрите светски производители на чоколадо. Неговите деликатеси се направени од мешавина на какао од Венецуела и Еквадор и форестеро какаото од Гана.

Златно чоколадно лижавче со вкус на јагода и чоколадото со 56% какао и полнење од крем, се меѓу најпознатите производи на DeLafée. Најдобрата комбинација за ова луксузно чоколадо е уште полуксузен шампањ.

NOKA
Земја на потекло: Јапонија
Цена: 2.400-4.500 денари за половина килограм

Катрина Мерем од Нока има мисија. Да го врати чоколадото во неговата најчиста и најлуксузна состојба. И мораме да признаеме дека е прилично успешна во оваа нејзина мисија.

Резултат на оваа посветеност е Нока колекцијата, која е компилација од какао од најдобрите региони во светот – Венецуела, Тринидад и Тобаго, Брегот на слоновата коска.

Идеален пијалак за овој јапонски деликатес се јаки црвени вина или сув и незасладен шампањ.

Related Posts with Thumbnails