wordpress counter

Приготвување на јадења со сирење

Оваа статија е посветена на неколку совети и трикови кои се однесуваат на приготвување на јадења со сирење и сервирање на овој неверојатно вкусен продукт.

Кога приготвувате јадења, сирењето секогаш се додава на крајот од готвењето, а тоа е особено важно кај сосовите, рижотото и супите. Кај јадењата кои се приготвуваат со пржење или печење се додава рендано или кршено сирење (десетина минути пред да биде готово јадењето).

Рендањето на сирење е поедноставно ако сирењето се наоѓа на соодветна температура. Ладното сирење полесно се ренда.

Ако приготвувате јадење во рерна, тогаш сирењето не го ставајте на висока температура, затоа што ќе почне да се топи и да се одвојува од јадењето.

Зрелите сирења се секогаш поароматични од младите сирења и бараат помалку зачини.

Зеленчукот може да се претвори во врвна салата со додавање на дробено фета сирење, полузрело козјо сирење или рендано тврдо сирење со печени ореви и сушено овошје. За прелив препорачуваме маслиново масло и јаболков или балсамико оцет.

Супите во кои се додава препечен леб може да го збогатат својот вкус ако лебот претходно се попрска со маслиново масло и ако на него насечкаме парчиња полутврдо сирење и така приготвено треба да се испече на скара.

Related Posts with Thumbnails